Ви требаат две состојки и 14 дена: Овој природен лек ќе ви помогне во топење на мастите
Доколку имате покачено ниво на маснотии во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи им помогнал на многумина.
Потребни состојки:
3 суви смокви
200 милилитри јаболков оцет
Постапка:
Лекот направете го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви, добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте ставиле два децилитри јаболков оцет.
Нека стојат преку ноќ, а наутро изедете ги трите скиселени смокви. Остатокот од оцетот немојте да го фрлате, туку во тој истиот оцет наредната ноќ повторно ставете три смокви подготвени на ист начин.
Содржината ви е доволна за седум дена. Осмиот ден земете нови два децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела.
Постапката за отстранување на мастите трае 14 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа