Брус Вилис за првпат во јавноста откако отри дека е сериозно болен (ФОТО)
Според пишувањата на странските медиуми, актерот Брус Вилис има сериозни проблеми со памтењето текстови, како и дијалози, што во почетокот многумина го препишуваа на неговата мрзеливост. Меѓутоа, како што се испостави работата е многу посериозна.
Откако му била дијагностицирана афазија, актерот решил да се повлече од јавниот живот, а сега за првпат е виден по објавувањето на овие вести.
Неговата сопруга Ема Хеминг со мелодијата „Honky Tonk Women“ од Ролинг Стоунс, објави видео. На истото, Брус е „уловен“ како се шета во шума за време на ведриот пролетен ден.
Актерот делува среќно и изгледа дека ужива во друштво на својата сопруга која му е голема поддршка во овој период.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа