Три населби во Скопје утре ќе останат без вода
ЈП Водовод и Канализација информира дека за утре, планирани се следниве интервенции:
-поради промена на затворач на Прохор Пчињски 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Св.Прохор Пчињски и дел од ул. Самоилова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Чаир)
-поради уличен дефект ф-100 мм на Струма 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Струма, Огражден, Пелистерска, Радика, дел од бул.Илинден и дел од Карпошово Востание. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Карпош)
-поради промена на затворачи 2х100 мм и 1х 80мм на ул.Михаил Чаков бб (во близина на Кам Маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Михаил Чаков, Петар Делјан и Ѓорѓи Сугаре. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активнисти.(општина Кисела Вода)
-поради реконструкција на водоводна мрежа ф 150 мм на ул.Козле раскрсница со Кораб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Козле, дел од Јуриј Гагарин, Струшка, Мокра и Кораб од 09:00 часот до завршување. (општина Карпош)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа