Жерновски бара Шиповиќ да се брани од слобода

 

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска побара претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, да може да се брани од слобода.

- Ова е неопходно не само поради исполнетите законски услови Шиповиќ да се брани од слобода, туку и ќе се овозможи деблокада на работата на општина Центар. Се надевам тоаа ќе се случи, во спротивно ќе влеземе во сценарија кои никој од нас не ги посакува, рече градоначалникот на Центар, Жерновски.

Шиповиќ доцна синоќа од Виена е екстрадиран во Скопје и е пренесен во затворот Шутка. Австриските власти пред десеттина дена го одбрија барањето за негова екстрадиција. Шиповиќ е првоосомничен во случајот за финансиски криминал во фирмата „Машинопромет“ и беше уапсен на аеродромот во Виена на 15 октомври, на враќање од САД.

22.11.2013 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега