Тажна вест: Почина синот на најпознатиот фудбалер во светот

 

Фудбалерот Кристијано Роналдо на социјалните мрежи објави дека неговиот штотуку роден син починал.

Неговата сопруга Георгина Родригез се породи со близнаци, но за жал едното бебе починало.

„Со големо жалење мораме да објавиме дека нашето момче почина. Тоа е најголемата болка што еден родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да живееме во овој момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодариме на докторите и на медицинските сестри за нивниот професионализам и грижа. Скршени сме од болка по оваа загуба и ве замолуваме за приватност во овие тешки моменти. Наше мало момченце, ти си нашиот ангел. Секогаш ќе те сакаме“, стои во објавата на Роналдо на социјалните мрежи.

 

19.04.2022 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега