СДСМ: Власта ќе дозволи Шиповиќ да се брани од слобода ако целта не им е блокада на работата на Центар

  

СДСМ реагираше на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ околу екстрадицијата на Мирослав Шиповиќ.

- Спроведоа повеќемесечна опсада на општина Центар со притисоци на сите можни институции. Не успеаја. Се обидоа да купат и уценат советници. Не им успеа. Покренаа политичка хајка против претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ преку спроведување на полициска акција која самите ја нарекоа „Претседавач“. Со еден збор, направија се за да ја погазат волјата на граѓаните, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ  имаат проблем како со празни соопштенија за јавноста да ги оправда овие постапки на институциите под водство ВМРО-ДПМНЕ кои се најголемиот параван на власта. Ако власта на ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да покаже дека нивната намера не е блокада на работата на Општина Центар, институциите под нивна контрола нека овозможат Шиповиќ да се брани од слобода, велат од СДСМ.

 

 

22.11.2013 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега