ВИДЕО: Овој млад талент е иднината на македонската кошарка
13 годишниот кошаркар на „Ролинг 08“ од Струмица, Кирил Панов, руши рекорди во својата конкуренција во македонскиот кошаркарски шампионат.
Како што јавува тв Канал Вис, момчето во просек постигнува 50тина поени од натпревар, а меѓу своите врсници се истакнува и во асистенциите и скоковите. Кошаркарските менаџери од земјава и странство веќе “фрлиле око“ на овој млад талент и активно ја следат неговата кариера.
Панов настапува со КК „РОлинг 08“ за генерацијата 2000/2001, но и за една година повозрасната екипа на клубот. Тој се занимава со кошарка веќе десетина години и дефинитивно е еден од најголемите таленти.
Извор: ТВ Вис
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа