Време: Денеска сонце - утре дожд и заладување

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови нестабилно време со пороен дожд и грмежи особено во западните телови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 22 до 30 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а доцна попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во недела ќе се задржи претежно облачно и нестабилно време со дожд и грмежи, на места во форма на невреме со обилен пороен дожд и силни електрични празнења. Температурата ќе опадне и ќе се движи од 15 до 22 степени. 

најчитано сега