Насилникот кој се закануваше дека ќе крене цела зграда во воздух на Илинденска бил пијан

 

Вистинска драма синоќа се одвивала на улицата Илинденска во Скопје кога разбеснет маж фрлил телевизор од прозорецот на станот, ја претепал својата сопруга и синот и се заканувал дека ќе ја крене зградата во воздух.

Според информациите на Курир, се работи за 50-годишниот К.Л. од Скопје кој синоќа го приредил хоророт откако се довел под дејство на алкохол. Насилникот бил приведен утрово во 8 часот, а сеуште бил во алкохолизирана состојба. Тој цела вечер се заканувал и одбивал да и се предаде на полицијата. На терен дежурале противпожарно возило, брза помош и полициска екипа.

Засега не е познат мотивот за однесувањето на скопјанецот.

 

25.11.2013 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега