Маскирани и вооружени разбојници ограбиле бензинска на "Макпетрол" - избегале со автомобилот на вработениот

 

Двајца насилници утрово успеале да ограбат бензинска на "Макпетрол" лоцирана автопатот Куманово-Скопје. Според податоците од полицијата, двајца маскирани ивооружени разбојници влегле во бензинската, со закана успеале да одземат 32.000 денари од вработените кои во моментот биле на смена, а потоа му ги земале и клучевите од автомобилот на еден од вработените и го напуштиле местото на настанот.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

25.11.2013 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега