Нема автобуси - градот не ги платил превозниците: Жителите на Шутка пеш до Центар
Веќе неколку денови со голем проблем се соочуваат жителите од Шутка, бидејќи немаат активни автобуски линии до центарот на Скопје. Како што пренесува ТВ Телма, причината зошто немало автобуси, била оти градот не ги платил превозниците.
Жителите од населбата во изјава за ТВ Телма критикувале дека ги нема автобусите со број 19 и 20, а приградските биле нередовни. Додаваат дека целиот возен ред на ЈСП, бил хаос.
Репортерот на ТВ Телма пренесува дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска била недостапна за изјава за медиумите за да одговори на прашањата.
12.05.2022 - 17:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа