Снимка од предавањето на украинските бранители од Азовстал (ВИДЕО)
Руското министерство за одбрана соопшти дека фабриката за челик „Азовстал“ е ослободена и сега е под руска контрола.
Генерал-мајор Игор Конашенков кажа дека фабриката и подземните објекти се под контрола на руските трупи.
На интернет беше објавено и видео од моментот кога украинските бранители на Мариупол излегоа и се предадоа на руските воени сили.
Руската воена операција во Украина трае речиси три месеци, откако започна на 24 февруари годинава.
20.05.2022 - 23:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа