Загина пешак откако возач со автомобил марка „Ауди“ го прегази
Неофицијално, пешак загина на лице место, откако возач со автомобил марка „Ауди“ го прегази, пренесува А1ОН.
Оваа несреќа се случила кај Општината Ѓорче Петров. Се уште нема детали за неговата возраст, ниту како се случила несреќата.
На терен е присутна Итната помош и полицијата. Медицинските лица се обиделе да го реанимираат но, неуспешно. Согласно првичните информации, известен бил и јавен обвинител.
25.05.2022 - 22:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа