На фарма со крави во Кукуш е откриено беснило

 

Грчкиот весник „Етнос“ објави дека грчките ветеринари откриле беснило кај крави во реонот на градот Кукуш.

На фарма во регионот на Кукуш минатата недела биле потврдени два случаи на смртоносниот и опасен и за човекот вирус, беснило.

Весникот наведува дека фармата е изолирана, а 60 крави ќе бидат евтанизирани. Продажбата на млеко одоваа фарма е забрането.

 

Грчките ветеринарни власти досега потврдиле повеќе случаи на беснило кај лисици, кучиња и мачки.

26.11.2013 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега