Рок-гитаристот Горд Луис бил убиен од син му

 

 

Горд Луис (65), основачот и гитарист на панк рок-групата „Тинејџ Хед“, беше пронајден мртов во неделата во неговиот стан во Хамилтон, Онтарио (Канада) во, како што вели полицијата, очигледно убиство.

Неговиот 41-годишниот син – Џонатан Луис, бил уапсен веднаш откако полицијата пристигнала во станбената зграда. Според полицијата, тој е обвинет за убиство од втор степен.

Повеќе писатели и медиуми објавија дека им биле испратени низа пораки од две сметки за е-пошта со името Џонатан Луис. Пораките почнале околу 20 часот во саботата и продолжиле до доцните утрински часови во неделата.

Покрај барањата за помош, пораките вклучувале и упатувања дека неговиот татко е мртов.

Една е-пошта испратена во сабота навечер вклучувала: „Сега сакам само да добијам помош за мојата болест и да му дадам на татко ми правилно погребување. Тој не го заслужи ова“.

10.08.2022 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега