Поштар од Радовиш крадел пензии

 

27-годишниот Д.И. од Радовиш си заработи кривична пријава бидејќи ја злоупотребил службената положба. Во периодот од јули до октомври годинава, пријавениот кој работел како поштар во АД „Македонска Пошта“ Подружница Струмица- Радовиш, си присвоил пари кои требало да ги исплаќа на пензионери.

На овој начин преку измама радовишанецот си се збогатил за 98.925 денари.

30.11.2013 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега