Три растенија кои мора да ги има секоја куќа - го прочистуваат воздухот и со нивна помош ја снемува негативната енергија
Растенијата го облагородуваат секој простор, разубавуваат, се прекрасна декорација, а воедно и го прочистуваат воздухот. Некои се опасни за домашните миленици, но оние што ги одбравме за вас се сосема безопасни. Не само што се совршен украс за домот и градината, туку ја трошат негативната енергија и позитивно влијаат на расположението на домаќинството.
Босилек
Ова растение е совршен додаток на секое јадење, а и прекрасно мириса и го украсува просторот. Пролетта е вистинско време за засадување на ова растение, а многумина веруваат дека тоа ги брка злите духови. Древните верувања велат дека ако запалите гранче босилек во вашиот дом, тој мириса прекрасно и ја брка негативната енергија. Босилекот е повеќенаменско растение и треба што поскоро да го набавите во вашиот дом.
Рузмарин
Ова растение не би било лошо да го имате доколку сте започнале нов бизнис или сте запознале нова љубов. Старите верувања велат дека го олеснува почетокот, привлекува љубов и страст, а пред сè, промовира добро расположение. Се препорачува да се одгледува рузмарин како домашно растение, кое има прекрасно стебло и прекрасен мирис.
Лаванда
Едно од најубавите растенија досега е лавандата. Плени со својот волшебен мирис, а воедно го зголемува и расположението. Поволно делува и против несоница, многумина го користат во борбата против депресијата и нервозата. Можете да го имате како домашно растение во текот на зимата, а во лето можете да го ставите надвор. Брзо се шири, па можете да го засадите и во земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа