Тетовчанец остана без овци - волци му направија штета од 1000 евра

 

Волци влегле во трлото на 73-годишниот Б.А. од селото Чифлик во Боговиње, и му изеле девет овци. 

Како што пренесе МИА, волците во трлото во кое имало околу седумдесеттина овци влегле околу 3 часот по полноќ. Силната врева што ја правеле преплашените овци, прва ја слушнала сопругата на сопственикот, која излегла надвор и ги видела овците како панично бегаат низ трлото, а нешто потоа и волците. Девет овци биле заклани, а дел биле и значително изедени.

 Вкупната штета се проценува на околу 1000 евра. 

01.12.2013 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега