Криел хероин во шише од сок - кумановчанец фатен со дрога на Табановце

 

Во текот на минатата ноќ, на граничниот премин Табановце, полицијата успеала да спречи шверц на хероин. Според податоците од МВР, дрогата била откриена во автобус о македонски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна автобуска линија од Куманово до Берн Швајцарија, каде 23-годишниот М.Џ. од Куманово во шише од сок сокрил хероин кој според неговите зборови, го набавил од непознато лице, а требало да ја транспортира во Македонија. 

Вредноста на запленетиот хероин со тежина од 490 грама на нарко пазарот би достигнала цена од 50.000 евра.

Против кумановчанецот ќе следува соодветна кривична пријава.

01.12.2013 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега