Уапсена е Северина
Загребската полиција денеска околу пладне во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ, јавуваат хрватските медиуми.
Апсењето на Северина следело, како што дознава Јутарњи лист, откако од колегите од Сплит добиле барање за нејзино приведување заради кривична истрага.
Како што пишуваат хрватските медиуми, причина за се и најава за претрес е непримерна расправија која се случила во вторникот во сплитскиот дом на мајката на познатата пејачка. Според пријавата на сестрата Маријана, пејачката наводно ја нападнала пред очите на нивната мајка, пренесуваат медиумите.
Во еден час по полноќ, се слушнала врева од станот. Двете наводно, како што Маријана пријавила во полиција, насилно се тепале и си удирале шлаканици буквално низ целиот стан, пишува споменатиот портал.
На крајот пејачката си отишла, а нејзината сестра заминала во болница, каде што по укажаната лекарска помош поради полесни повреди се обратила во полиција за помош. Таа се здобила со низа модринки по главата и грбот, а лекарите забележале исекотини на телото. Врз основа на пријавата сплитската полиција покренала потера по пејачката, врз основа на што Северина била „симната“ на загрепскиот аеродром 12 часа по наводниот инцидент во Сплит, пренесуваат медиумите.
Сепак извор близок до пејачката, пак, тврди дека сестрата на Северина Маријана лажно ја пријавила Северина за нанесување физички повреди. Северина престојувала во тој стан во Сплит, каде што живее нејзината мајка со нејзината тетка, а наеднаш дошла Маријана и, според изворот, ја нападнала пејачката и ја повредила. Северина си заминала, а Маријана почнала да удира по вратите на станарите, да плаче и да се фрла по скалите за да се повреди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа