"Андрија брате мој нека те чуваат мама и тато на небото" - фудбалерот Саво Милошевиќ скршен од болка
Уште една страотна сообраќајна несреќа деновиве го потресе Балканот. Во близина на Шимановац, загина Андрија Милошевиќ, брат на познатиот екс фудбалскиот репрезентативец на Југославија и Србија Саво Милошевиќ.
Фудбалерот, како што пренесува српскиот Курир, е скршен од болка. - Андрија, брате мој, нека те чуваат мама и тато на небото....вели фудбалерот низ солзи.
За жал, оваа трагедија во животот на фудбалерот се случува набрзо откако почина и неговиот дедо, кој издржуваше затворска казна бидејќи си го убил синот.
Андрија зад себе остави сопруга и две деца.
01.12.2013 - 15:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа