СДСМ: Лотариите нема да ги решат проблемите на граѓаните
Од СДСМ денеска откако официјално беше означен почетокот на наградната игра за собирање фискални сметки, реагираа дека лотарии и игри не ги решаваат проблемите на граѓаните.
- Организирањето лотарии каде добиваат само членови на ВМРО-ДПМНЕ стана нов механизам на владејачката партија за згрижување на сопствените членови, соопшти СДСМ, која наградната игра ја нарече „ново лото-шоу на ВМРО-ДПМНЕ“.
Партијата наведува дека со економскиот концепт на СДСМ, во кој спаѓа и предлог-мерката за повраток на 15 отсто ДДВ, добитници се сите граѓани.
- Наместо лото министри и лото мерки, СДСМ на граѓаните им нуди конкретна, издржана програма и мерки за повраток на дел од парите од данокот, кој секојдневно и насекаде го плаќаат, стои во дописот на опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа