Македонија во ноември ќе игра со Финска и Азербејџан

 

Фудбалската федерација на Македонија ја потврди и втората ноемвриска контролна пресметка на нашата најдобра селекција.

На 20. ноември на Националната арена „Тодор Проески” ќе гостува селекцијата на Азербејџан. Три дена претходно, исто така на нашиот најголем стадион, ќе одиграме пријателски дуел против Финска. М

акедонската федерација беше во преговори за контролен натпревар и со селекцијата на Босна и Херцеговина, но со сојузот на оваа држава не дојде до договор.

Нашата најдобра селекција со истите противници се соочи на контролни натпревари во турски Белек, во март 2018 година. Против Азербејџан одигравме 1-1, а без голови заврши натпреварот против Финска.

20.09.2022 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега