Светот ја дозна последната желба на кралицата Елизабета - поврзана е со Хари

 

Историчарот и експерт за кралското семејство Роберт Хардман за магазинот „Пипл“ ја откри последната желба на кралицата Елизабета Втора.

Последната желба на кралицата била Хари да се смири со остатокот од семејството и да се врати во Англија, вели тој.

Познато е дека Хари отсекогаш бил омилениот внук на кралицата, а сега има официјална потврда дека кралицата едноставно го обожава и покрај сите предавства и разочарувања што ги предизвика на кралското семејство во последните неколку години.

Тој и неговата сопруга Меган Маркл постојано даваа интервјуа во кои го обвинуваа семејството на Хари за расизам и дискриминација на Меган, а целосно се разделија од нив кога решија да се преселат на друг континент.

„Кралицата до последниот ден од животот го обожаваше својот внук, принцот Хари. Исто така, Хари многу ја сакаше и затоа нејзината смрт го погоди многу силно“ – рече Хардман и објаснил дека на принцот му било особено тешко што последните години не се гледал често со својата баба.

„Таа беше една од најсилните врски меѓу Калифорнија и Виндзор, а само нејзината љубов успеа да го спречи Хари целосно да ги прекине сите врски со семејството“ – додаде историчарот.

22.09.2022 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега