Канје Вест им прати порака на Британците: И јас ја изгубив мојата кралица
Познатиот рапер се огласи на социјалната мрежа Инстграм и испрати порака на Британците. Напиша дека знаел како се чувствуваат Британците оти ја изгубиле кралицата Елизабета Трета, споредувајќи ја кралицата со својата поранешна жена Ким Кардашјан, потенцирајќи дека и тој ја изгубил својата кралица (Ким.К.).
Додека Обединетото Кралство тагува за смртта на својот монарх со најдолг стаж, Канје се чини дека тоа го споредува со неговиот развод од Ким Кардашијан.
„Лондоне, знам како се чувствувате, и јас ја изгубив мојата кралица“, напиша раперот на својот Инстаграм Стори.
Тој не потврдил дека зборува за Ким Кардашијан, но се претпоставува дека е така. Ким и Канје го потврдија разводот во февруари 2021 година, а оттогаш раперот имаше неколку испади на социјалните мрежи.
По разводот, додека Ким беше со Пит Дејвидсон, Канје го нападна преку интернет. Тој и по нивното раскинување се огласи со бизарна објава во која на насловната страница на Њујорк Тајмс ја вметна веста дека „Скејт Дејвидсон почина на 28 години“.
Странските медиуми пишуваа дека Пит Дејвидсон наводно завршил на терапија токму поради бројните напади на Канје врз него. „Негативноста и лудорите на Канје беа поттик за Пит и тој мораше да побара психолошка помош“, изјавил извор за магазинот People.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа