Ковачевски: Парно за Скопје ќе има
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски вечерва одржа вонредна прес-конференција на која кажа какви заклучоци биле донесени на економско-енергетскиот совет на Владата.
„Грејната сезона за граѓаните на Град Скопје почнува на 15 октомври. Парно за Скопје ќе има, започната е постапка за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија согласно член 6 од законот за енергетика на ЕСМ“, вели Ковачевски.
Ковачевски ги повика Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и комисија за заштита на конкурентност да дадат позитивно мислење.
28.09.2022 - 21:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа