Кој ќе биде новиот тренер на МЗТ?
Словенецот, Зоран Мартич, би требало да го наследи Влада Вукоичиќ на клупата на МЗТ Скопје Аеродром.
МЗТ Скопје ја прекина соработката со тренерот Влада Вукоичиќ, откако од таборот на аеродромскиот кошаркарски тим решија да направат неколку промени се со цел да ја вратат екипата на победничките патеки и исполнувањата на големиот број на фанови.
- Влада Вукоичиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Ова е само една од неколкуте промени што ќе се случат во клубот во овој период, стои во кусата информација на Фејсбук профилот на МЗТ.
Вукоичиќ како тренер во МЗТ Скопје пристигна на почетокот од сезоната, и во досегашниот период од два месеци успеа да забележи 17 официјални натпревари, (10 во АБА лигата и 7 во Еврокупот). Во нив забележа пет победи (4 во АБА + 1 во Еврокупот). Сепак сето ова не беше доволно за амбициите и очекувањата на раководството на МЗТ Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа