Предизвикал сообраќајка и избегал - пијан струмичанец удрил во мотоциклист
Струмичанец си заработи кривична пријава бидејќи предизвикал сообраќајка, а потоа избегал како ништо да не се случило. Според податоците од полицијата, се работи за 57-годишниот В.П. кој управувајќи автомобил под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во која телесно го повредил моторциклистот Н.А. а потоа избегал од местото на настанот како ништо да не се случило. Утредента тој пријавил дека наводно возилото му било украдено ноќта кога се случила несреќата и дека тој нема никаква врска со неа.
02.12.2013 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа