Тетовчанец за 100 евра нелегално превезувал Албанки во Македонија
35-годишниот Н.Б. од селото Јажинце-тетовско си заработи кривична за криумчарење на мигранти. Тој е фатен на „Цигански Гробишта“ во атарот на селото Јажинце со 20-годишната Албанка С.Т.со која нелегално сакал да ја премине границата.
Полицијата по разговорот со тетовчанецот открила дека за износ од 100 евра требало да ја префрли албанската државјанка од Косово во Македонија.
02.12.2013 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа