Кумановчани ја измамиле фирмата за 1.722.761 денари

 

Полициската станица во Куманово  поднесе кривична пријава против 49- годишниот М.Н. од Куманово, стечаен управник на ГП „Бетон“ АД-Куманово во стечај, за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против 57- годишниот Д.С. од Куманово за „помагање на сторител по извршено кривично дело“. М.Н. искористувајќи ја својата положба во текот на своето работење се до негово разрешување во повеќе наврати стечајната маса-подвижниот имот на друштвото без согласност од Собранието на доверители и одлука и решенија од стечајниот совет ги продал на повеќе лица, а дел од имотот продал и на Д.С., по што паричните средства ги поделил со него. Со овие незаконитости пријавените го оштетиле друштвото за 1.722.761 денари

02.12.2013 - 13:01
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега