И го украл паричникот во автобус - конечно фатен познат скопски џепарош
Скопјанецот Ј.И. викан „Џуџе“ си заработи кривична пријава бидејќи е сторител на 315 кривични дела, а досега му се изречени и 36 затворски казни.
40-годишниот скопјанец на 24-ти минатиот месец околу 19 часот и 30 минути на улицата „Вељко Влаховиќ“ на автобуската постојка „Рекорд“, ја искористил гужвата во автобус на ЈСП со број 50 и од чантата на скопјанката П.Ф. одзел паричник во кој имало лична карта, карта за патување со брод, извод од банкомат, околу 1.500 денари и други лични предмети.
Тој досега е познат како сторител на кривични дела меѓу кои кражби, насилство, трговија со дрога...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа