Кејт Мидлтон во фустан од 250 евра (ФОТО)
Принцезата од Велс денеска посети породилиште во Гилдфорд, Англија. Својата блескава серија модни изданија ја продолжи со жолт плисиран фустан чија цена е неколку стотици евра.
Болницата во Англија годишно прима околу 3.000 жени кои се пораѓаат, а оваа здравствена установа беше наградена и со признание на УНИЦЕФ. Кејт Милдтон денеска беше срдечно пречекана надвор од породилиштето, а една жена и се поклони во знак на почит.
Кејт Мидлтон по периодот на жалост во Велика Британија, кој траеше од осми до 26 септември, ги продолжи службените обврски и порано отколку што многумина очекуваа.
Фокусот на нејзините должности не е променет, па таа и понатаму е многу посветена на грижата за жените и децата.Таа за важен состанок избра жолт плисиран фустан со нагласен струк, кој е украсен со елегантен ремен и V деколте. Станува збор за модел создаден од Карен Милен, а облеката чини 220 фунти или 250 евра.
Британците уште еднаш го величаат стилот на принцезата од Велс, па „Дејли мејл“ пишува дека Кејт сјае како сонце, со што се согласуваме, но на многумина им се стемнува кога ќе ја дознаат цената на елегантен жолт фустан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа