Битола: Сопственик на хотел дозволил малолетници да пијат алкохол
Полициската станица во Битола поднесе кривична пријава против лицето Љ.З. од с.Долно Оризари-битолско, управник во хотел „Битола“ за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во септември 2013 година, пријавениот, како управник во хотелот спротивно на законските прописи на малолетно лице од Битола ја издал салата од хотелот под закуп за прослава на роденден и дозволил слободно да внесуваат алкохолни пијалоци во салата.
02.12.2013 - 13:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа