По победата на Украина се знае кој град ќе биде домаќин на Евровизија
Ливерпул ќе биде градот домаќин на Изборот за песна на Евровизија 2023 година.
Ливерпул беше еден од 20-те градови кои се натпреваруваа за домаќин на Евровизија, што оваа година се одржува во Велика Британија. Глазгов остана на второ место во финалето.
„Тие немаат забави како ние“, рече градоначалничката на Ливерпул Џоан Андерсон за време на натпреварот. „Домот на Битлси е подготвен да организира шоу за Украина, Велика Британија и Европа“, додаде таа.
Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, четири пати во Лондон. Последен пат таму се одржа во 1998 година во Бирмингем. Британската јавна радиодифузна корпорација појасни дека во процесот на селекција се фокусирале на оние британски градови кои претходно се докажале како добри домаќини на големи меѓународни настани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа