Познатиот скопски џепарош Џуџе влезе во полициската историја
СВР-Скопје до надлежното ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против лицето Ј.И. викан “Џуџе“ (44) поради основано сомнение дека на 24 минатиот месец околу 19.30 часот на ул.“Вељко Влаховиќ“ на автобуската постојка “Рекорд“ извршил кривично дело – “џебна кражба“. Тоа за него е неверојатна 100та кривична пријава, и може да се „пофали“ дека влегува во историјата на полициската работа.
-Пријавениот кривичното дело кражба на паричник од чанта го извршил на тој начин што ја искористил гужвата во автобусот број 50 на ЈСП и протнувајќи ја раката во чантата која оштетената П.Ф. ја носела со себе, и го одзел паричник во кој имало лична карта, карта за патување со брод на име на оштетената, извод од банкомат, околу 1.500 денари и други лични предмети.
Непосредно по извршувањето на кривичното дело Ј.И. е пронајден на автобуската постојка “Рекорд“ и приведен е во ПС од ОН “Гази Баба“ каде е извршен разговор и личен претрес при што кај него е пронајдена картата за патување со брод на име П.Ф., сметка од банка на нејзино име како и едно огледалце.
Инаку, Ј.И. минува во казнената евиденција како сторител на 315 кривични дела за што се поднесени 99 кривични пријави за извршени кривични дела од областа на имотните деликти, деликти проследени со насилство, недозволена трговија со хероин за што од надлежен суд досега му се изречени 36 затворски казни
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа