"Јас сум оној малиот кој има рак" - почина момчето кое го расплака Балканот

 

Почина деветнаесетгодишниот Ненад Бешировиќ кој со својот статус на социјалната мрежа Фејсбук за неговата болест го потресе целиот Балкан.

- Јас сум тој оној малиот што има рак. Оној за кого се собираат пари во касичка за да преживее. Јас сум касичката за доброволен прилог во вашите сметки, хумани концерти, броеви...Тоа е мојот број, живот и реалност. Јас сум тој кој детството го помина во болничките ходници и родендените ги помина во болничките соби. И јас се уште сум оној кој го испи животот на своите најмили....Жалам што сум ви товар и што сите ве молат во мое име да ми помогнете...гласеше статусот на деветнаесетгодишното момче од Босна.

За жал, момчето коа го расплака Балканот ја загуби битката со туморот на лимфните жлезди. Тој во својот тогателен статус напиша и дека ќе успее, дека ќе се избори со тешката болест, ќе заврши факултет и ќе биде пример со кој неговата мака ќе може да се фали. За жал, не се исполни најголемата желба на младото момче.

 

02.12.2013 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега