Трошоците за живот во ноември намалени за 0,1%

 

Како што денеска објави Државниот завод за статистика, цените на мало во ноември во однос на октомври годинава се намалени за 0,2 отсто, а трошоците на живот за 0,1 отсто. Споредено со ноември лани цените на мало се зголемени за 0,4 проценти, а трошоците на живот  за 1,1 процент.

Намалувањето на трошоците на живот од 0,1 отсто во ноември во споредба со октомври годинава е резултат на пониските цени на овошјето за 7,8 проценти, мастите за 1.6 проценти, јајцата за 1,5 проценти и рибата за 1,3 проценти. 

Статистика забележала намалување на трошоците на животот и кај авионскиот превоз на патници за 11 проценти, услугите за сместување за 1,9 проценти, нафтените деривати за 1,3 проценти, средствата за образование за 0,9 проценти, конфекцијата за домаќинствата и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,4 проценти.

Трошоците на животот во ноември споредено со октомври бележат пораст кај зеленчукот за 1,7 проценти, преработките од млеко за 0,8 проценти, преработките од месо и алкохолните пијалаци за 0,4 проценти, преработките од зеленчук, сушеното овошје и свежото и киселото млеко за 0,3 проценти. Зголемување на трошоците има и кај електричните апарати за домаќинствата за 1 проценти, средствата за хигиена за 0,8 проценти и течните горива и гасот за домаќинствата за 0,2 проценти.

02.12.2013 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега