Во Македонија има слободни 4.604 работни места

 

Во Македонија  во третиот квартал од годинава  имало 4.604 слободни работни места, од кои најмногу 1793 биле во преработувачката индустрија, 695 во трговијата и поправка на моторни возила и мотоцикли.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, стапката на слободните работни места изнесува 1,07 отсто.

Најниска стапка има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,07 отсто.

Најмногу слободни работни места имало во Скопскиот регион 1295, со 833 следува Пелагонискиот и со 687 во Источниот  регион.

Слободни работни места имало најмногу во претпријатијата кои вработуваат меѓу 10 и 49 и меѓу 50 и 249 лица, каде според објавените податоци имало по околу 1500 слободни работни места.

Според занимањата, најбарани биле работници во услужни дејности и продажба - 975, потоа се барале 934 ракувачи и составувачи на машини и постројки и 704 работни места за основни занимања.

Во овој кваратал бројот на пополнети работни места изнесува 425.988 работни места.

02.12.2013 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега