Домаќините на гости крадците на "работа" - тетовчанец остана без злато вредно 180.000 денари
Крадци од Тетово си се збогатиле за 180.000 денари. Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, непознати сторители влегле во куќата на 32-годишниот Б.Ј. лоцирана на улицата „Саво Поповски“ и откако извршиле пребарување, одзеле златен накит вреден 180.000 денари.
Кражбата се случила во период од 18 до 22 часот, кога домаќините не биле дома.
Полицијата трага по крадците.
03.12.2013 - 10:31
Фото:
Канал5
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа