Средношколка од Гостивар во училишната торба криела килограм дрога
Полицијата од Гостивар во населбата Циглана открила торба со еден килограм тревкастата материја која ја носела 16 годишна средношколка. Според податоците на полицијата, дрогата била пронајдена кај малолетничка која се возела со такси.
Се работи за 16-годишната Б.И. која се качила во такси коа го управувал 58-годишниот гостиварчанец Т.С.
Пронајдената материја со потврда е одземена, а малолетничката во присуство на родител и претставник на Центарот за социјална работа, приведена е и задржана.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
04.12.2013 - 12:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа