Имаше 99 години: Почина познатиот актер, фановите на „Хари Потер“ добро го знаат неговиот глас
Познатиот актер Лесли Филипс почина на 99-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“.
Веста за заминувањето на актерската легенда ја пренесуваат и бројни светски портали како „Мирор“, „Сана“, „Јаху“.
Филипс почина на 99-годишна возраст по долга борба со болеста, а ќе остане запаметен по улогите во „Carry on“, „Ding Dong“, „Well“, „Hello“ и „I Say“.
Тој исто така ја одбележа култната серија за најпознатиот волшебник Хари Потер, позајмувајќи го гласот на магичната капа во филмовите „Sorcerer’s Stone, Harry Potter and the Chamber of Secrets“ и „Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 2“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа