Арсовска на средба со Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ
По повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, оствари традиционална средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, посакувајќи им добро здравје и понатамошна успешна соработка, соопшти прес-службата на Град Скопје.
Како што стои во соопштението, градоначалничката Арсовска изразила благодарност за храброста, силата и упорноста во борбата за слобода за Скопје и Македонија, за сите нас и идните генерации.
-Почитта кон нашите народни херои и пожртвувани борци, нивниот непокор не потсетува колку е важно да ја почитуваме и паметиме жртвата која борците ја дале за денес да живееме во слободно Скопје. Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, велат од Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа