Даниел Крег заведува во реклама за вотка

 

Минатата година го заврши својот 15-годишен стаж како Џејмс Бонд, но Даниел Крег не седи без работа.

Британскиот актер беше зафатен со снимање реклама за вотка, во режија на оскаровецот Таика Вејтити.

Во рекламата за вотката „белведере“, која беше премиерно прикажана минатата недела, Крег, од замислен и енигматичен, преминува во неверојатен, па дури и  забавен, коментираат американските медиуми.

Рекламата завршува со тоа што Крег пие „белведере“ и коментира: „конечно“. Се чини дека танцувањето ожеднува.

Судејќи според реакциите на интернет, фановите се „и протресени и промешани“ за разлика од мартинито што го пие суперагентот 007.

Некои беа одушевени да го видат Крег во вакво разиграно издание, а некои не.

Една корисничка на „Твитер“ напиша: „Најлудото нешто што некогаш сум го видела, не можам да поверувам дека тоа е Крег“.

Друг напиша: „Моралот на оваа реклама за Belveder Vodka се чини јасен: „напиј се од оваа вотка и ќе се засрамиш во јавност и ќе танцуваш на начин што дури ни Даниел Крег не може да го направи да изгледа кул“.

Трет коментатор напиша на „Јутјуб“: „Апсолутно прекрасно!!! Уживав да го видам Даниел надвор од сталожениот, софистициран Бонд. Многу ми се допадна ова“.

17.11.2022 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега