Продолжува дијалогот Белград-Приштина
Во Брисел денеска започнува нова рунда преговори помеѓу Белград и Приштина. Една од главните теми ќе биде формирањето на Заедницата на српските општини, јави Танјуг.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека очекува проблеми околу воспоставувањето на Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица. Дачиќ нагласи дека Србија едноставно сака етничката структура на вработените во тој суд да биде во согласност со етничката структура со населението во тој дел на Косово.
Инаку, средбата повторно ќе ја следи високиот претсавник на ЕУ, Кетрин Ештон.
05.12.2013 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа