Испаднаа од Мундијалот, останаа без селектор, а сега им се заканува тешка казна од ФИФА
Репрезентацијата на Мексико дефинитивно не минува низ најдобриот период. Испаднаа од Мундијалот во Катар, останаа без селектор, а сега и ФИФА би можела да ги казни.
Имено, ФИФА денеска соопшти дека ќе покрене дисциплинска постапка против федерацијата на Мексико поради хомофобичните скандирања кои мексиканските навивачи ги пееја на натпреварот против Саудиска Арабија.
Ова е втор случај што ФИФА го покрена против навивачи од оваа земја за време на Светското првенство во Катар. Првиот се однесуваше и на хомофобичните извици кои се појавија меѓу мексиканските навивачи на натпреварите против Полска и Аргентина.
За мексиканската федерација ваквите проблеми не се новина. ФИФА и претходно ги казни токму за истите прекршоци.
Минатата година мексиканската федерација беше казнета и нејзините стадиони беа затворени на два квалификациски натпревари за Светското првенство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа