ФОТО: Со оваа направа во центарот на Скопје ќе ги ловиме корумпираните функционери
Центарот за современи уметности со урбана инсталација насловена „Митоловка и Митовник“, за „9. декември – Светскиот ден за борба против корупцијата“.
„Митоловката претставува ново и многу ефикасно средство за борба против корупцијата во Македонија. Со оглед дека корупцијата го разјадува нашето општество, ја уништува нашата иднина и ги богати нашите политичари, олигарси и кој уште не, решивме да ja креираме oваа ефикасна алатка за борба против корупцијата. При развојот на Митоловката (мишоловката) тргнавме од фактот дека всушност примачите односно оние кои бараат мито се стаорци на општеството и согласно репликата од култниот Македонски филм „Среќна нова 49та“ решивме на стаорците на општеството да удриме со стаорски средства“, велат од Центарот за современи уметности.
Со оваа акција како што нагласуваат, Центарот за современи уметности се приклучува на одбележувањето на 9ти декември – Светскиот ден за борба против корупцијата.
Акцијата е дел од проектот Артиватор на Центарот за современи уметности поддржан од Фондацијата отворено општество Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа