Град Скопје донесе историска одлука за зеленило на Скопје
Советот на Град Скопје го усвои предлогот од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе историска одлука за Скопје.
„Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните.
Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање. Решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба и не поминат процесите на обжалување.
Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата!
За нашиот предлог гласаа 28 советници од сите советнички групи!
Скопје ќе биде зелен и хуман град“, објавија на својот Фејсбук профил од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа