Град Скопје поденесе тужба против „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

 

Градот Скопје поднесе тужба против приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, поради нанесена економска штета врз буџетот на Градот и непочитување на одредбите на договорот, што според Град Скопје, довело до раскинување на истиот.

Од Градот Скопје, велат нема теми за преговори, особено кога истите се под уцени, и дека бараат укинување на решението за раскинување на договорот кој е раскинат поради прекршување на одредбите од договорот од страна на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Новиот јавен повик, како што информираат, трае 30 дена и за истиот, како што велат, има интерес и сите заинтересирани домашни превозници можат да подигнат документација и аплицираат.

15.12.2022 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега