(ВИДЕО) Астероид „за влакно“ ја промаши Земјата

 

Астероид со големина на автомобил за влакно ја промаши Земјата на 20 декември оваа година. Тоа беше откриено од страна на научниците во моментот на премин, пренесува CNET.

Астероидот 2022 YO1 прелетал околу 21.000 km. од земјата. Ова е пократко растојание од некои сателити, вклучувајќи ги и оние за телекомуникации.

Според научниците, доколку астероидот бил привлечен од Земјината гравитација, најверојатно ќе изгорел речиси целосно во атмосферата. Тој најверојатно нема да предизвика штета на инфраструктурата, само убава и светла патека. Може да експлодира како астероидот над Русија во 2013 година, што предизвика скршење на илјадници прозорци, но немаше друга штета.Сепак, астероидот во тоа време бил речиси 10 пати поголем од 2022 YO1. Научниците велат дека тоа е шестиот најблизок астероид што го забележале оваа година. Првичните анализи сугерираат дека 2022 YO1 повторно ќе помине покрај Земјата во 2024 година.

Тоа не значи дека се зголемува бројот на астероиди кои поминуваат „опасно“ блиску до Земјата, туку дека системите за нивно откривање, иако во последен момент, се подобруваат. Сепак, експертите велат дека се уште има „слепи точки“ кои го отежнуваат откривањето на сите потенцијално опасни објекти.Еден од нив е се што доаѓа од правец на Сонцето. Така беше и рускиот астероид од 2013 година за кој научниците дознаа кога експлодираше на небото. НАСА планира нов сателит кој ќе се позиционира на попогодна позиција за набљудување во оваа насока, но тој нема да биде лансиран во орбитата најрано до 2028 година.

21.12.2022 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега