Кој ќе настапува за Нова Година на Плоштад? - Музичарите молчеле за настапите, за изненадувањето да било поголемо

 

Иако програмата за дочек на Новата година на Плоштадот Македонија сѐ уште не е официјално позната, порталот „Фокус“ објави кој ќе настапува. Музичарите кои ќе настапат добиле насока да не објавуваат на своите профили на социјалните мрежи за „изненадувањето да било поголемо“.

Според пишувањата на порталот,  настанот ќе започне околу 20.30 или 21 часот на 31-ви декември, со настап на групата Саут Парк, која ќе изведува светски музички хитови. Потоа следува настап на групата Дупер со македонски авторски песни.

Околу 22 часот на сцената ќе излезат Мераклиите од Мерак Меана, Скопски боеми, најпрво во придружба на Ристо Самарџиев со неговите најголеми хитови.

Потоа следуваат настапи на Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ и други. На крај ќе настапи Елена Ристеска, со која најверојатно присутните ќе влезат во Новата 2023 година.

 

24.12.2022 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега